Премиерот Зоран Заев во интервјуто на телевизија Алсат М рече дека тој е сигурен дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија.
-Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност кој сака во државата, почнувајќи од мене, па било кој друг. Но, не можеме да разрешуваме луѓе, затоа што е гневна јавноста.
И порано се исправуваше дилемата дали Заев се договорил со Груевски во Пржинскиот договор, испадна дека не се договорил. Се што сум кажал, така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен.
Темата околу бегството на поранешниот премиер Никола Груевски се уште е актуелна на Балканот и во Унгарија, а на денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев изрази сомнеж дека можеби Груевски бил киднапиран.
„Јавно го поставувам прашањето. Дали Груевски доброволно ја напуштил државата, или можеби бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговор“, рече Заев.