Вечерва снег во Македонија – Еве каде вее во моментов ФОТО

0

Метеоролозите за деновите од викендот кој е пред нас прогнозираа дожд на пониските и снег на повисоките места, а вечерва веќе падна првиот снег на планинскиот превој Стража.

За утре од УХМР највуваат дека врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови.

На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекуваат во вторник.

Да потсетиме, од вчера стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Во текот на оваа ноќ како и утре особено во западните и јужните предели ќе има локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег каде има услови и за формирање на снежна покривка, анализира Славчо Поповски.

Снежната граница поради падот на температурите има услови да се спушти и нешто под 1000 метри што значи услови за провејување на снег локално ќе има и низ населените места. Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Потоа и во недела како и на почетокот од следната недела ќе има услови за повремени локални послаби врнежи од дожд и снег а температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината. НАПОМЕНА: Доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесете топла облека поради очекуваните зимски температури на воздухот.

Претходна статијаЗаев: Се што сум кажал така било. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен
Следна статијаЖивеам во Германскиот кантон во Швајцарија кој според мене е најдобар за работа