Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски во вечерашното гостување на телевизија 21 откри дека во времето на власта на Никола Груевски често политиките се носеле во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа преку Владата се спроведувале.
-Јас влегов во Владата на Груевски како непартиски член. Но, увидов дека е многу тешко да се функционира доколку не сте дел од партија, особено зашто во ВМРО-ДПМНЕ имаше многу активна внатрепартиска динамика и често се случуваше одлуки и политики да се носат во партијата и потоа да се спроведуваат преку Владата.
Јас во тие ситуации се наоѓам затекнат. Поради тоа станав член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за да можам да присуствувам на тие седници, рече Пешевски.
Извор: Фокус