Вечерва е уапсен Сашо Мијалков, во тек е неговиот спровод во Шутка

0

Судот му одреди 30 дена притвор на поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков.

На Сашо Мијалков му е одреден 30 дневен притвор , потврди СЈО, а во моментов се спроведува во затворот во Шуто Оризари.

Тој е притворен на барање на СЈО. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му одредил мерката притвор .

Поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков е обвинет во неколку предмети на СЈО како „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.

Претходна статијаОваа година ќе има новогодишна забава во Скопје: Се е подготвено, се знаат и пејачите
Следна статијаПоповски: Македонија беше надмудрена од Унгарија