Судот го замрзна целиот имот на ВМРО-ДПМНЕ

0

Основниот суд Скопје 1 ја блокирал можноста палатата „Христо Тататрчев“ да се продава или издава од страна на ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно поради случајот на СЈО под името „Талир“, објави Призма.

Замзнувањето на седиштето како имот на партијата следува откако лидерот Христијан Мицкоски најави можност за нејзино продавање или изнајмување, најверојатно во контекст на економската неодржливост поради скапите комунални трошоци. Во моментов седиштето е под хипотека кај Комерцијална банка за земен рамковен риволвинг кредит пред изборите во 2016-та.

„Му се забранува на правното лице ВМРО-ДПМНЕ да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп недвижниот имот“, стои во прибелешката на имотниот лист во Катастарот. Според овој документ привремената мерка ќе трае до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд.

Оваа судска времена мерка доаѓа откако претседатeлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата размислува да го продаде седиштето во центарот на Скопје или да го даде под закуп.

Судот не дозволи замрзнување на овој имот.кога беше отворена истрагата за „Талир“ кога истовремено ВМРО-ДПМНЕ беше се уште на власт.

Претходна статијаМакедонската згодна фолкерка жестоко удри по момчето: “Си го заслужи шамарот”
Следна статијаЌерката на Синан Сакиќ со преемотивна порака за својот татко