Српскиот Претседател Вучиќ ја презентираше точната маршута на Груевски

0

Вучиќ, во емисијата Кирилица на ТВ Хепи изјави дека Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.

За оние кои велат дека за случајот со Груевски треба да се прашаат Албанија, Црна Гора и Србија, Вучиќ одговори дека вистинското прашање е како тој излегол од Македонија и дали Македонија тогаш го има гонето или не. Тој детално објасни што се случувало со Груевски.

– На 11 ноември, во текот на ноќта, некаде помеѓу еден и два, немаме официјални податоци, лицето Никола Грувески влегува на територијата на Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларни документи и со пропусница издадена во унгарската амбасада во Тирана.

Потоа, на 12-ти ноември, некаде околу 22.30 тој влегува на преминот Гостун во Србија со регуларна лична карта во придружба од истите две лица, а во 05.11 часот ја напушта Србија на преминот Хоргош со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, со лична карта и во придружба на лица со дипломатски документи и дипломатско возило, наведе Вучиќ.

Претходна статијаВладимир Пешевески: Дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени
Следна статијаШто се чека – МВР го знае бројот на Никола Груевски во Унгарија