Револтиран граѓанин: До кога пропали политичари ќе ми узурпираат право на движење

0

Значи многу сум револтиран. Се мачам, работам приватен бизнис и со моето комбе разнесувам роба низ град. И оп, одеднаш на некого му текнало да застане на раскрсница и да ми го блокира патот. Ни напред, ниту назад.

Застанале неколку луѓе, те гледаат онака иронично и надмено, демек еве, они се сега главни и они кажуваат дали ти можеш да си го извадиш лебот или не. Ама не се тие виновни, туку оние кои ги навеле и натерале да застанат и да блокираат улица.

Да не се разбереме погрешно. Денешната блокада ми е само како пример. Истото се случувало и во минатото, кога денешната власт беше опозиција. Секогаш се користат некои јадници, кои ги ранат со сендвичи за да си остварат цел некои од политичарите.

И повторно да не се разбереме погрешно, јас ги поддржувам иницијативите за борба против неправдите кои му се нанесуваат на овој народ, од било која сфера да се, но не на овој начин.

Ми текнува кога се продаваше ЕВН, со денови беа блокирани улици. ЕВН се продаде, некој ќари поени од тие блокади и популистички протести, си седнаа во фотељи, ЕВН не му го вратија на народот и мајката ни ја расплакаа десет години.

Исто и сега, као некој се бори против промена на име. На крај ќе поминат уставни промени, за да престанат протестите ќе им фрлат по некоја функциичка, а ние ќе си трпиме. Кој на барикади, кој зад барикади. Сме постигнале ли нешто бе луѓе со блокади? Никогаш НИШТО!

Само нервози и пропадната дневница за да некој фрустриран политичар зграби некоја државна фотелја од која ќе цица пари од народот.

С.П.

Името и презимето познати на редакцијата. Текстот не смее да се превзема без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаМакедонската пејачка уапсена во Виена: Збеснала кога дознала дека нејзиното момче е во брак со друга жена
Следна статијаГолема среќа во 2019 ќе ги тресне од земја овие хороскопски знаци