По сопругата, Влатко Стефановски го загуби и братот Горан, таткото на “Бушава Азбука”

0

Во Англија, во местото Кентбери на 66 годишна возраст почина познатиот драматург Горан Стефановски.

Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952) е македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.

Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.

Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година е и член на Македонската академија на науките и уметностите. Драмите на Горан Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ја предава историјата на македонскиот народ, преку сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре.

Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“. Горан е брат на гитаристот Влатко Стефановски.

Стафановски во своето богато творештво ги има делата „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно” и „Тетовирани души”. Тој заедно со Слободан Унковски е авторот на емисијата „Бушава азбука“, детската ТВ емисија со која пораснаа многу генерации.

Всушност Стефановски и Унковски објавија дека работат на структура на сценариото за втор дел од култната емисија која за разлика од „Бушава азбука“ ќе биде ориентирана кон македонскиот јазик и неговата употреба и богатство, и евентуално, кон јазиците на заедниците.

Се очекуваше текстот да биде готов до крајот на годината, а реализацијата да се случи во 2019-та.

Горан Стефанофски е добитник е на престижните награди: „Стале Попов“ , „11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“.

Горан Стефановски е брат на познатиот музичар Влатко Стафановски.

Претходна статијаУтре почнуваат Божиќните пости – која храна е забранета, а што смее да се јаде
Следна статијаБорко распали по Шилегов и Макрадули: Срам и брука – Македонија заслужува повеќе