Обезбедувањето на Груевски не ми даде да се качам на бина

0

Филип Петровски на вечерашното гостување на Канал 5 го обвини раководството на ВМРО-ДПМНЕ за двојна игра во однос на уставните измени и рече дека за вчерашниот протест раковоството платило автобуси.

-Се направи насилно преземање на она што беше движечка сила на македонскиот народ. Вчера имаше само една кулминација која се одвива веќе една година. Мене ме повикаа да се качам на бината, отец Ивица ме повика.

Врхушката на ВМРО прати автобуси на вчерашниот протест против уставното име, а на Хан му кажува друго. Врхушката е за уставните измени, но мора да го држи членството во кондиција. Луѓе од обезбедување на Груевски го обезбедуваа протестот и тие тргнаа на мене.

Беше злопотребено членството, Солза и Тодор Петров си правеа предизборна кампања. Вчера која ја плати бината и кој ги плати автобусите? Кој го плати обезбедувањето, зошто имаше потреба од обезбедување, нели сите сме Македонци?, рече Петровски.

Претходна статијаДа живееш во Европска земја, а да ти е шубе да прошеташ сама навечер
Следна статијаВладимир Пешевески: Дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени