Крај за неизвесноста во селото Суводол, Викторија се врати дома

0

С.Н. од село Суводол пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка, која беше пријавена за исчезната на 02.11. се вратила дома во село Суводол. Се работи за 15-годишната Викторија Настевска од село Суводол, демирхисарско која беше последен пат пред да исчезне беше видена пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи и од тој момент и се губи секаква трага.

Случајот бил пријавен вчера околу 16 часот во полициската станица Демир Хисар. Со тоа заврши драмата за семејството.

Семејството и полицијата шест дена трагаше по девојчето и истовремено упатуваше апел до граѓаните, доколку ја виделе да пријават во најблиската полициска станица. Засега нема информации каде било девојчето изминатите денови.

Инаку кај психолозите, познатите се ваквите испади на младите во адолесцентна возраст и почеток на пубертетот, кои знаат да се оддалечат од домот, на тој начин искажувајчи го својот револт.

Претходна статија(ВИДЕО)Варошлија повторно удри по познатата македонска водителка: Со тоа штиклите прави колци за патлиџани
Следна статијаДури Анѓушев говореше во “Само вистина”, Милошоски му упадна во емисија