Ќе се спакуваме и ќе си заминеме во Германија – ова го соопштија на протест матичните лекари

0

Стотина матични лекари низ државава денеска паузата ја искористија за да го искажат револтот од новите предлог договори на Фондот за здравствено осигурување кои според нив се премногу ригорозни и на штета на докторите.

Претседателката на здружението на приватни лекари од пред подрачната на Фондот во Велес порача дека тие нема да стават потпис на такви документи и ги праша здравствените власти дали им требаат матичните или и тие да заминат во странство.

– Владата прави политика за намалување на казни, а ние во овие прелог договори имаме казни на цел буџет, па од што ќе функционираат установите? Има многу модели, бугарски хрватски каде нема ниту една казна а ние во обие предлог договори имале 51. Отворено нека ни кажат, ако не требаат доктори, уште тие 1 533 што останавме да се спакуваме и организирано да заминеме во Германија, вели др. Лилија Чолакова, претседател на ЗПЛРМ.

Освен договорите од Фондот, матичните се разочарани и поради неисполнување на ветувањето од министерот Филипче, пациентите да се водат на ординацијата а лиценцата да биде на приватната здравствена установа. Велат дека воопшто ги нема во новиот прелог закон за здравствена заштита кој веќе е доставен на гласање во собранието.

Извор: Република

Претходна статијаСопругата на Дарко Лазиќ добила брутални закани: Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот
Следна статијаБлагица Павловска: Третиот маж конечно ми се погоди (ФОТО)