Филип Петровски вечерва на својот фејсбук профил, во видео во живо, ги обвини организаторите и говорниците на вечерашниот протест, дека се платеници на ВМРО-ДПМНЕ и поради тоа не му дозволиле да говори.
Имено, Филип Петровски и Јанко Бачев тераат некоја своја агенда, па така, тие со свои приврзаници пристигнаа на протестот. И веднаш посакале да се качат на бина и да говорат. Не им било дозволено, па почнале да ги навредуваат најавените говорници.
Во истото видео, Петровски, во некој сосема поинаков контекст, го обвинува Љупчо Палчевски, дека имал некакви разговори, кои ги шетал “по град” и со нив се правел важен.
Во последно време навистина е тешко да се фати поентата на она што сака да го каже Филип Петровски. Во секој случај, на следниот линк, погледнете го неговото видео-обраќање.