Заминувањето, бегството на поранешниот Премиер на Република Македонија и почесен Претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, предизвика огромни реакции во јавноста, како и нагаѓања каде тој би можел да биде засолнет.
Унгарија е дестинацијата која се води, но никој во изминативе седум дена не ја потврди. Сите експерти се фокусираа на начинот на кој Груевски стигнал во Будимпешта. Со свое мислење се јави и Владимир Пивоваров, експерт за безбедност.
Некогашниот раководител на секторот за воена безбедност и разузнавање во МВР, Владимир Пивоваров смета дека УБК не ја завршила работата на најдобар можен начин, со це се спречи бегството на Груевски.
„Унгарија во овој конкретен случан се вмешува во криминална драма. Овде не се работи ни за политика и не знам зошто криминалот добива политички превез. Сите мислат дека ќе замине во Белизе. Не верувам дека ќе се случи такво нешто, затоа што тој ќе оди во земја која ќе му гарантира безбедност“, истакна Пивоваров за ТВ 21.