Демонстрантите од пред судот: Претседателе Иванов, запрете го прогонот врз Груевски

0

Трајко Вељановски, Зоран Илиевски, Крсто Јовановски, Јохан Тарчуловски и Невена Стаменковска беа пратениците кои вечерва дојдоа на закажаниот протест пред Основниот суд Скопје 1, со цел како што велат поддршка за експремиерот Никола Груевски. Тие побараа од Претседателот на државата, Ѓорге Иванов да го прекине како што велат прогонот врз експремиерот.

„Самоиницијативно како членови на ВМРО-ДПМНЕ, почитувачи на ликот на Никола Груевски пред зградата на судот дојдовме да упатиме неколку пораки. Ова е политички прогон. Смешно е што главниот доказ е сеуште во Владата и секојдневно се користи.

СЈО има една цел, а тоа е уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е неуставно, а сите докази се прибавени на незаконски начин и не можат да служат во судска постапка. Ги охрабруваме судиите да работат согласно на законите. Го повикуваме претседателот Иванов, единствениот политичар кој има кредибилитет, да донесе одлука да се прекине овој прогон.

Упатуваме јасна и недвосмислена поддршка за Иванов. Упатувам и поддршка за Никола Груевски, бидејќи сме благодарни за неговите залагања. Тој се бореше за правда, ние ја поддржуваме борбата, вели Александар Трајковски, член на ВМРО-ДПМНЕ кој ги презентираше барањата на демонстрантите.

Груевски е осуден на две годишна затворска казна поради незаконска набавка на „мерцедес“ во вредност од 600 000 евра. Овој предмет го отвори СЈО под името „Тенк“.

Претходна статијаЗемјотрес вечерва ја стресе Македонија
Следна статијаМери Николова распали по Кирацовски: Кирац, ја уништи СДСМ, ти си најголемо промашување