Адвокатот на Груевски Еленко Миланов: Никола ми се јавува, досега два пати се слушнавме

0

Адвокатот Еленко Миланов, кој е бранител на Никола Груевски во еден од предметите на СЈО вечерва во гостување на Топ тема на телевизија Телма изјави дека се слуша телефонски со својот клиент.

-Груевски ми се јави на 13 ноември во доцните вечерни часови. Судечкиот совет е информиран, не само од мене туку од сите во тимот кои сме исконтактирани. Неговиот повик беше по неговата објава. Потоа имавме уште една комуникација по пораки за овдешнотот судење за можноста да му биде определан мерка притвор пред да му биде одземен имунитетот.

Ме нема контактирано во врска со барањето за азил, бидејќи немаме ние никаква врска со тоа. Јас му вратив со порака дека е направена повреда пред да му биде определана мерка притвор пред му биде одземен имунитетот.

Мислам дека МВР го има бројот на Груевски. Сигурно го имаати тоа не од мојот телефон туку од еден друг куп информации кои можат да ги обезбеддат, рече Миланов.

Претходна статијаСтојне Николова: Жал ми е што татко ми не може да се радува на моите успеси
Следна статијаДукоски: Амнестија мора за сите – што е Чавков поодговорен од тогашниот министер