(ВИДЕО) Зоран Заев: Условите на пратениците од опозицијата кои гласаа ЗА не се проблем

0

Премиерот, Зоран Заев, вети инклузивен процес за скицирање на амандманите, во кој активно, рече, ќе биде вклучена и опозицијата. Тој денеска изјави дека нема против во уставните амандмани да се внесат барањата на неколкумина пратеници од опозицијата кои гласа „за“ во петокот. Според него тие барања не отстапуваат од Договорот склучен со Грција.

-Ќе седнеме заедно да ги скицираме нацрт амандманите. Веруваме дека можеме тоа да го сториме за помалку од 15 дена со цел да скратиме. Верувам дека во рамки на тие 15 дена ќе можеме навистина да се усогласиме и очекувам да расте мнозинството за поддршка.

Како ќе ги отвораме амандманите така се повеќе ќе се потврдува дека нема ништо болно, тешко или скриено. Сите овие амандмани допрва ќе не фузираат и обединат – рече Заев.

Претходна статијаТуѓа си бескрајно: Нашинци во Австралија, Ефто Пупиновски ви е таму, не го пропуштајте
Следна статијаОд нив ќе замириса цела куќа: Посни крофни без јајца и млеко (РЕЦЕПТ)