ВИДЕО: Македонија го има најлошиот голман во светот -голема бламажа и срамен пораз од Ерменија

0

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите, откако во нервозен и полемичен натпревар загуби од Ерменија во Ереван со 4-0 (1-0). И покрај поразот Македонија се наоѓа на чекор до првото место во групата во Лигата Д на Лигата на нации.

Ангеловски го измени тимот и формација во споредба со дуелот со Лихтенштајн, и Спировски, Адеми, Ристевски и Ристовски почнаа првата минута. Ерменците се потпреа на многу млад тим и Барсегјан и Хамбарџумјан останаа на клупата. Домаќините почнаа агресивно и преку Адамиан први се заканија.

Во 12. минута Маркос Пицели се одлучи на удар со левата нога, топката доби необично ефе, иако ударот беше централен, го изненади Димитривески, кому топката му падна од рацете и заврши зад гол-линијата (1-0).

Пет минути подоцна закана дојде и од Хвханисиан, но неговиот удар Муслиу го блокираше во корнер. Во 17. минута сериозно се повреди стрелецот на голот и на негово место во игра влезе Григориан. Првата наша вистинска закана дојде во 26. минута, кога Пандев го проигра Барди, овој беше срушен во казнениот простор, но шведскиот судија Мартин Стромбергсон не ја прекина играта, туку им додели два жолти картони на наши репрезентативци заради приговор (Горан Пандев и Стефан Ристовски).

Точно по половина час Ерменците двапати се заканија, но Димитриевски и среќата беа на наша страна. Алиоски возврати со удар од далечина, но биеше високо преку голот на Аирапетиан. Во шестминутното судиско надополнување, Пандев го послужи Ристовски, кој со глава биеше над домашниот гол. Ерменците играа подобро во првиот дел, но нашиот тим е сериозно оштетен за најстрога казна.

И вториот дел Ерменците го започнаа подобро и двапати се заканија со удари по земја. Во 56. минута пречката го спаси Столе Димитриевски по ударот на Михтариан во пречката. Една минута подоцна Ангеловски го повлече Спировски и шанса му даде на Елмас. Веднаш младиот фудбалер на Фенербахче упати удар по средината на голот, па Аирапетиан боксуваше во поле.

Нашата игра почна да добива физиономија и Барди директно од слободен удар во 62. минута малку недостигаше да израмни. Илија Несторовски влезе на местото на Барди и со супер-офанзивен тим влеговме во последната четвртина од натпреварот. Трајковски прекрасно пласираше во 65. минута, но Аирапетиан со парада спаси израмнување.

Кога не ги искористивме шансите, Ерменија од уште еден подарок ја зголеми предноста. Димитриевски и потесната одбрана пак погрешија во комуникацијата, Ерменците брзо проиграа по десната страна, Михтариан додаде, а Мовсисиан само ја втурна топката крај немоќниот Димитриевски (2-0).

По примениот гол во нашиот најпозитивен момент, нашата игра се распадна, ниту влегувањето на Хасани не донесе промена. Напротив, примивме уште еден гол, пак по грешка на голманот Димитриевски. На осум минути до крајот Газариан од слободен биеше по земја, нашиот голман пак ја испушти топката и таа заврши зад неговиот грб (3-0).

Во судиското надополнување заради втор жолт картон исклучен беше Елмас. Најдобриот ерменски фудбалер, Хенрик Михтаријан, магично го изведе слободниот удар, под живиот ѕид и во 93. минута ги постави финалните 4-0.

По 16 месеци без пораз, Македонија загуби во Ереван, со резултат поубедлив од поразот на Ерменците минатиот месец во Скопје

Претходна статијаИсповед: Шефот ме викна во канцеларија кај него и ми рече да легнам со него или да си одам од работа
Следна статијаПредлогот на Заев атрактивен: Висок функционер на ВМРО – ДПМНЕ прифати амнестија за 27-ми април