Статус на Билјана Ванковска:
“Се сложувам јас дека пишување книга не е причина за одложување казна. Туку, јас се прашувам што е со најдолгата испитна сесија на светот поради која еден друг бивш премиер, еминентен професор (за кој Марјановиќ велеше дека не знае латински а предава римско право) никако да ја отслужи казната!
Да биде иронијата поголема, тој предава на Правен факултет, а секоја втора вечер е на ТВ дебати – и не се најде новинар-јунак да го праша што станува со неговата затворска казна! Лицемерие до невидени размери! И неправда, се разбира.”
Ваквиот статус на Ванковска, доаѓа по вчерашните информации дека адвокатите на Груевски побарале одложување на извршувањето на неговата казна затвор, поради неговите планови да пишува книга.