ОЈО почнува предистрага за Претседателот Иванов – некој му поднел анонимна кривична пријава

0

Основното јавно обвинителство информира дека постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите.

Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Според член 75 од Уставот, претседателот е должен да го потпише указот доколку законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

-Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, се вели во соопштението од ОЈО.

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот од Преспа, иако тој беше во два наврати изгласан во Парламентот, наспроти претседателското право на „суспензивно“, а не на „апсолутно“ вето. Претходно, тој исто постапи и за Законот за употреба на јазиците.

Извор: Нова

Претходна статијаРангелова: Доста ми е од вашите интриги и сплеткарења – давам оставка од претседател на Унија на Жени
Следна статијаОмер од „Вљубениот ерген“ започнува нов бизнис – дали ќе се откаже од актерството