На обвинетиот Сашо Срцев му се родиле внучиња, сакал да почасти – обвинителите одбиле

0

Обвинетиот Сашо Срцев, поранешен член на ДИК, на кој му се суди во процесот на СЈО познат како „Титаник 2“ денеска со чоколадни бомбони „Фереро Рошер“ ги почести новинарите, судскиот совет и обвинителите од СЈО за добиените внуци кои живеат во САД, пренесе Слободен печат.

Откако обвинителите дознаа од кого се чоколадните бомбони одбија да каснат и им ги понудија на новинарите кои пак се изјаснија дека имаат бомбони и не им требаат. Лицата на обвинителите говореа дека не сакаат благо од обвинетиот чиј што лик пак, беше тажен од нивната постапка.

Денешниот процес започна со правнички толкувања на адвокатите и обвинетите наспроти СЈО, кој се нивните докази кои ќе бидат изнесени во доказната постапка на одбраната, и што тие како доказ значат за нив.

Обвинетиот Бедредин Ибраими го обвини Специјалното јавно обвинителство дека крие докази и не ги запазува законските постапки, а за тоа го посочи периодот кога предметот бил преземен од ОЈО во СЈО, што според него е битен момент дали е правно издржан процесот против него, Мендух Тачи и Сашо Мијалков.

Од страна на судскиот совет неговото барање беше прифатено да им биде доставено во писмен документ по што судот ќе се произнесе а следното рочиште е закажано за 13 ноември.

Извор: Булевар 21

Претходна статијаГерманската Влада денес донесе одлука која ќе ги израдува сите Македонци кои работат во оваа држава
Следна статијаВИДЕО: Свадба за која што сите зборуваат – причините неверојатни