Јанчев: Има потенцијали за смена на Мицкоски, но никој тоа не би му го направил позади грб

0

Митко Јанчев вечерва гостуваше во Канал 5 телевизија каде кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ има потенцијали за смена на лидерот Христијан Мицкоски, но никој тоа не би го направил задкулисно.

-Од моја гледна точка, не е сјајно во партијата. Мое лично мислење е дека во ВМРО-ДПМНЕ не постои човек кој би направил пуч. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ или јас тоа би го побарале на транспарнтен и отворен начин од Мицкоски.

Има потенцијали за смена, кои можат да понудат своја програма, но нема човек што тоа би го направил позади грб. Јас мислам дека Мицкоски треба да одговори на писмото на Мијалков. Јас да сум лидер, би одговорил на сите прашања од писмото, рече Јанчев.

Претходна статијаОтидов во Шведска бидејќи морав, но овде станав човек – исповед на млад Скопјанец
Следна статијаСи ја раскинав врската бидејќи верував на роднини, а потоа се покајав – прости ми Ивана