Интересна ситуација се случи на трибините во салата во Бар за време на мечот од АБА лигата помеѓу домашната екипа на Морнар и Партизан.
Еден навивач на клубот од Белград денес имаше свадба, а откако го кажа судбоносното „да“ со својата избраница дојде на трибина кај „Гробари“ и го бодри својот клуб Партизан.
Откако се појавиа младенците со сватовите, цела сала им аплаудираше. Навистина ретко видени сцени, но секако убави глетки во салата во Бар.