Фетаи до Груевски: Никола, помина времето кога никој ништо не смееше да ти каже

0

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, на поранешниот премиер Никола Груевски во очи му кажа „дека му се ближи времето“ на денешното рочиште за „Шамарите во општина Центар“.

Веќе има судска одлука дека Груевски треба да се пријави во затворско оделение, откако Аепалција ја потврди одлуката од двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“ со скапо набавениот мерцедес.

Никола Груевски на денешното рочиште за „шамарите во Центар“ прокоментира дека обвинителката Фетаи зборувала без да добие право на збор, по што се насмеа, откако судот рече дека таа е обвинител и и е дозволено да говори во оваа фаза.На ова експремиерот се насмевна по што обвинителката му се обрати со зборовите:

“Многу сте расположени со оглед дека ви се ближи времето“, рече Фетаи по што настана вербална расправија откако обвинетиот Груевски и рече дека нема потреба да се грижи за неговото расположение.

По ова обвинителката Фетаи рече дека поминало времето кога никој не смеел да му возвраќа на Груевски. По расправата судијата повика на мир во судницата, а некои од обвинетите се обратија кон јавноста со зборовите „ајде сега и ова да го објавите“. Следното рочиште е закажано за 16 октомври каде како сведок е повикан актуелниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ.

Претходна статијаБујар Османи: Изненаден сум што СЈО води истрага за мене
Следна статијаОд Први Јануари во Албанија повеќе нема да постојат кладилници