Бисерот од Македонија се вика Ева Соколовска и ќе биде член на репрезентацијата на Германија

0

Нашата Ева Соколовска, која со семејството живее во Германија, ќе биде дел на Германската репрезентација по ритмичка гимнастика. Таа на тестирањето на способностите од 520 кандидати од сите клубови во Германија го освои првото место, што значи по сите оценувања на способностите го освои највисоките оценки.

Уште една предност за Ева е што иако има осум години, таа ги надмина сите нејзини против кандидатки до 10 години.

-Од нејзиниот клуб во Белефилд беше испратена како голем талент. Тоа се вика кадар тест во градот Сверте, кој се одржува секоја година за кандидати до 10 години. На овој државен тест се гледаат способностите на кандидатите, какви таленти има по клубовите и Ева ги собра сите оценки.

Искрено, скоро три месеци се подготвуваше за овој текст. Цело лето вежбаше, тренира по 5-6 пати во неделата. Посветена е на овој спорт. Гермнците не оставаат на случајност, уште од мала возраст вложуваат во талентите и затоа на сите полиња покажуваат резултати. Овој тест значи дека таа е под закрила на репрезентација, дека ќе ја имаат пред очи, како свој талет, вели нејзиниот татко Горан Соколовски.

Ева е едно од ретко талентираните деца и овој резултат не е случаен. Со само осум години досега имала осум републички натпревари и на сите осум го совила првото место.

Претходна статијаДа не останете изненадени и без превоз: Од денес овој автобус на ЈСП има скратена рута
Следна статијаПознатиот пејач од Ѕвездите на гранд се разведе по 20 дена брак