Оваа ќелија го чекаше Груевски (ФОТО)

0

Високи ѕидови, бодликава жица и строго контролирано движење во притворскиот дел на затворот Шутка. Но, сепак и покрај затворските решетки и ѕидини, низ затворот брзо се прошири веста дека од утрово зад решетки има нови – ВИП фаци.

Околу четири часот изутринава, затворениците ги разбудила необичната раздвиженост во Шутка. Во затворот биле донесени Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Позади црната метална врата се наоѓаат околу 250 притвореници. На списокот притворени од денеска се наоѓаат и поранешните високи функционери во ВМРО – ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Во притворското одделение од саботата е и бизнисменот Орце Камчев.

Поранешните функционери сепак, нема да уживаат ВИП третман во затворот. Нема да бидат сместени во таканаречените „хашки соби“ кои нудат, според затворските критериуми, повеќе луксуз и комодитет – бенефиции кои ги има Камчев. Иако Алсат обезбеди дозвола да снима низ затворот, сепак пристапот до притворениците е невозможен без амин од судот.

Но, сега во притворскиот дел Јанакиески и Божиновски нема да можат да се видат бидејќи се обвинети во ист случај. Тие двајца посебно во затворскиот двор ќе може да се сретнат со обвинетите од 27 април, но и со Камчев. Затворските власти не зборуваа многу за актуелните притворски случаи. Појаснија само дека Јанакиески и Божиновски се веќе сместени.

Повеќе на линкот: Алсат М

Претходна статијаГоца Тржан пред камери ја прашаа дали би го изневерила сопругот, нејзиниот одговор не се очекуваше
Следна статијаГруевски имал двојно државјанство: Открино со каков пасош избегал Никола