Јанкулоска за апсењето на Бошкоски и случајот Мартин Нешковски: Не негирам дека во минатото имало пропусти во владеењето

0

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека во нејзиното работење сигурно имало грешки, но тие никогаш не биле намерни.

-Грешките кои несомнено ги имало, никогаш не биле намерни. Кога се работи, се прават грешки, некогаш повеќе, некогаш помалку. Јас за прислушувањето понесов политичка одговорност, Собранието ме разреши. За тоа кој прислушувал, немаме утврдено од органите.

До овој момент јас немам доказ кој прислушувал и чекам Судот да каже. Ни на крај памет не ми беше дека би можело јас да бидам таргет и толку време да бидам прислушувана, бидејќи мојот начин на размислување не е таков.

Како министер како во случаи со Бошкоски биле активирани мерките, да се направи проверка на почитување на прописите.

Во моментот кога ќе дојде до реферирање за постапката, таа е во завршна фаза и министерот поклонува верба на соработниците кои ја спроведувале.

Можеби не сум требала да поклонам верба така лесно и да се направат дополнителни проверки. Не негирам дека во минатото имало пропусти во владеењето, рече Јанкулоска.

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека „бомбата“ во која таа вели „Не можеш едно убиство да сокриеш“ е извадена од контекст, а таа мислела дека убиството на Мартин Нешковски сакал да го сокрие оној кој требало да го евидентира настанот, а тоа не го сторил.

-Јас велам дека не можеш да скриеш убиство, и тој што ќе го помисли тоа, да не се лаже. Во тој контекс го кажувам тоа. А, потоа при презентацијата на снимката тоа беше извадено од конкетс. Контекстот е дека не е можно да се скрие убиство. Мислам дека убиството сакал да го скрие тој што требал да го евидентирал тој настан, а не го евидентирал, рече Јанкулоска.

Претходна статијаВнимавајте: Од полноќ македонската полиција дебело ќе казнува за ова
Следна статијаСкромна и ненаметлива: Детали за првата сопруга на Никола Груевски