Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти на кој начин има избегано Груевски

0

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека сигурно е дека Никола Груевски не избегал од Македонија по воздушен пат, туку тоа го направил илегално вон граничните премини.

-На ниту еден граничен нема излезено легално. Тоа укажува дека излегол илегално, вон гранични премини. Чувањето на зелената граница е патролно и тоа не може херметички да ја затвори границата.

Секојдневно имаме обиди за илегално преминување на границата. Сите анализи укажуваат дека заминувањето од Македонија не се случило по воздушен пат.

Кога ќе дојдеме до релевантен податок како се случило, тогаш ќе соопштиме. Сигурно е дека тој имал поддршка.

Жално е во членка на ЕУ да дојде поранешен премиер на друга земја осуден за криминал, да бара азил, рече Спасовски.

Претходна статијаОфицијално: МВР го лоцираше Никола Груевски – на потег сега е Судот
Следна статија(ФОТО) Миленко Неделковски ја објави рутата на бегството на Груевски и луѓето кои му помагале