(ФОТО) Миленко Неделковски ја објави рутата на бегството на Груевски и луѓето кои му помагале

0

Миленко Неделковски, кој е близок со структури на ВМРО-ДПМНЕ, објави на својот Фејсбук-профил преку кои патишта Никола Груевски заминал во Унгарија и таму побарал политички азил.

Според она што го пишува Неделковски, на Груевски му помогнале Иван Стоиљковиќ, Стевчо Јакимовски, а во Србија му било помогнато од структурите на власта на Александар Вучиќ.

Миленко Неделковски — македонски новинар и ТВ-водител. Професионалната кариера ја започнал во 1983 година, како спортски новинар во редакцијата на Радио Телевизија-Скопје. Нешто подоцна се ангажирал како спортски коментатор во директните преноси на Формула 1, мото-спортови, велосипедизам и гимнастика. Учествувал во подготовка на преносите од Светските првенства во фудбал во 1990 и 1994 година, како и на ЛОИ 1992. Во 1990-тите бил организатор на неколку пријателски натпревари во фудбал од меѓународен карактер, а повремено и пишувал во весниците „Македонски Спорт“ и „Фокус“.

Од 2006 година, започнал со емисијата Late Night Show, која се емитува на Канал 5 телевизија. Паралелно со гостувања на личности од политичкиот живот, Неделковски изработувал и „off-road“ емисии. Во 2008 година, со пресуда на Основниот суд 1, тој бил осуден на двегодишна затворска казна за измама на 22 македонски граѓани, издавајќи им непостоечки американски визи. Подоцна оваа казна му била заменета со условна слобода. На приватен план, Миленко е татко на две деца, кои работат и живеат во САД.

Тој минатиот месец беше приведен и прво бил однесен во полициска станица во Велес, а па префрлен во Скопје. За приведувањето и тој самиот се огласи преку Фејсбук статус, дека на неговата врата дошле полицајци да го уапсат, без да ја образожат причината за приведувањето.

Апсењето на Неделковски доаѓа неколку дена откако Јавното обвинителство поднесе обвинителен предлог против него за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, но засега нема информација дали се работи за истиот предмет.

Според обвинителството, тој се товари дека на 24 јули годинава во јавноста промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Односно, се работи за статус на Фејсбук кој бил објавен по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви.

За ова кривично дело според законот предвидена е казна затвор од една до пет години.

Претходна статијаМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти на кој начин има избегано Груевски
Следна статијаЛЕВИЦА: Власта и опозицијата имаат прикриен договор – бараме итна оставка од Спасовски