Богданов: Преспанскиот договор е вистинскиот правец за Македонија

0

Костадин Богданов, кој неодамна беше разрешен од позицијата член на Извршниот комитет на партијата, вечерва во емисијата „360 степени“ на АЛСАТ-М, ги изнесе причините за повлекувањето од функцијата.

Тој отворено го поддржа договорот од Преспа и на негово барање беше разрешен од раководното партиско тело заради спротивставени ставови меѓу него и актуелното партиско раководство.

„Побарав да бидам разрешен од причина што во последно време ВМРО-ДПМНЕ, односно раководството, ја засили реториката која не е на линија на барањата ниту на европските народни партии, ниту на нашите меѓународни пријатели, односно започна да зазема сосема различни, контра-ставови, во друг правец, со коишто јас не можев да се согласам.

Тоа и јавно неколку пати го кажав“, рече Богданов.

Богданов изрази очекување дека уставните измени, предвидени со Преспанскиот договор ќе поминат во Собранието на Република Македонија и оти патот во тој правец веќе е соодветно трасиран.

„Патот е трасиран, лично мене тоа многу ме радува. Сметам дека со Договорот од Преспа, со влезот во ЕУ и НАТО, ќе претставува една катарза за државата, на сите полиња и во правосудството и во образованието и во здравството и дека не очекува многу напорна работа, но она што е добро е дека го фативме вистинскиот правец, а кога ќе стигнеме на целта зависи само од нас“, вели Богданов.

Претходна статијаНапикани сме седум души во две соби – ај пуст да е и да би останал живот во туѓина
Следна статија(ВИДЕО) Игор Џамбазов со порака до јавноста по синоќешната информација дека е во болница