Познат новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

0

Антонио Милошоски наскоро ќе биде избран за нов потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, тврди Независен, повикувајќи на на свои извори во партијата.

Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување.

Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи предвид оти тој подолго време игра „соло“ во парламентот.

Но, само неколку дена подоцна, откако договорот со Грција ја мина првата фаза, а ВМРО-ДПМНЕ направи чистка во своите редови, ексминистерот за надворешни работи отворено стана во одбрана на лидерот Христијан Мицкоски – пишува Независен.

„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори.

Христијан Мицкоски, сепак, покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите.

Извор: Експрес

Претходна статијаЈугославија во мало во Парис: Скопјанецот Зоран ги собира Србите, Хрватите, Македонците во своите локали
Следна статијаВМРО-ДПМНЕ со ултиматум до портпаролот на СДСМ Костадинов, му даваат рок од пет дена да се извини