Некогашната ВМРОвка Канчевска-Милевска ќе биде шеф на новата пратеничка група

0

Осумтемина опозициски пратеници, кои минатиот петок гласаа за пристапување кон уставни измени, денеска попладне до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група, објави телевизија 24.

Џафери рече добил поединечни известувања од овие пратеници, дека тие во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно, како независни пратеници. Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група.

Според неофицијалните информации, координатор на новоформираната пратеничка група ќе биде пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.

Извор: Фокус

Претходна статијаЌерката на Балашевиќ: Фала ти тато за “Бајката” која ми ја приреди после сообраќајката
Следна статијаДенес е тежок празник: Се случуваат чуда, но не го заборавајте ова