Денес е тежок празник: Се случуваат чуда, но не го заборавајте ова

0

Денеска се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград,на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.

Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.

Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека денес не се работат рачни работи, не смее да се пере, да се шие, да се работат тешки работи, посебно не треба да работат жените. На света Петка се случуваат големи чуда. Многумина оздравеле на овој ден. Затоа луѓето со здравствени проблеми веруваат дека на овој празник  светителката ќе им помогне.

Сепак, најважно од сè е да не заборавите и да не ја пропуштите Божествената литургија, која ќе се одржува во храмовите ширум земјава. Бидејќи, без соединување со Христос, преку постот, исповедта и светата причест, нема спасение и исцеление на душата и телото.

Претходна статијаНекогашната ВМРОвка Канчевска-Милевска ќе биде шеф на новата пратеничка група
Следна статијаПодгответе се: она што ќе се случува вечерва – веројатно се случува за последен пат во државата