Мицкоски кон исклучените: Со секое ваше кревање на раката си ја виткавте кичмата, а нам срцето ни се кинеше

0

ВМРО  е секој Македонец. Тоа не му припаѓа како ексклузивно право на никој. Денеска Македонија се соочува со тешки предизвици. Kако дојдовме до таму овие што се на власт да одлучуваат кој ќе оди во затвор, кој ќе остане на слобода, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прослава во МНТ.

„Граѓаните кажаа што мислат за договорот од Преспа, а нивниот глас остана нем. Пред да дојдат на власт, народот им поверува. Каде се сега платите на лекарите од 100 илјади денари, каде се субвенициите за фирмите…Тие го менуваат името затоа што тоа им е единствената политичка инвестиција сметајќи дека тоа ќе ги спаси нивните политички кариери – истакна Мицкоски.

Тој во својот говор им се посвети на неговите сопартијци кои гласаа „за“ во македонското собрание, нарекувајќи ги предавници.

„Се сеќавате ли колку луѓе оцрнија, ме обвинуваа дека јас се борам за нивна амнестија, а сега кога тие споменуваат таква работа, тогаш се работи за помирување. Во мојот живот мојот татко ме учеше дека достоинството е се во животот. Углед тешко се гради, но лесно се руши. Многу тешко ми паѓа кога некој си игра со принципи. Дозволете ми да спомнам една мисла од Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавставата на своите“.

„Во црниот петок учествуваа и седуммте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се спротиставија на ставовите на партијата,  Ни се случи црниот петок, бевме сведоци на предавство на нашата татковина. Тука учествуваа и нашите браќа и сестри. Тивко и пеколно болно беше во моето срце, тивно и мачно беше во нашиот штаб, болно беше во македонските домови.

Да се обратам до оние кои паднаа и не останаа на висината на задачата. Тоа што силно ме заболе таа вечер, тоа што ве видовме со подвиткана кичма. Не издржаа ни вашите плеќи. Не издржавте, иако знаевте дека СЈО ви пакува монтирани случаи по удбашки методи. Знаевте дека сите патриоти од 27 април се невини. Со вашата крената рака си ја свиткавте кичмата, а од удирањето во гради ве заболеа плеќите. Со секое ваше кревање на рака, на нас срцето ни се кинеше.

Ме изневеривте, ја изневеривте ВМРО-ДПМНЕ, а најважно од се ја изневеривте Македонија која ви ги даде сите удобства. Го повредивте Македонецот. Зарем е чесно да имате исти говори како оние од СДСМ, на Бихачка ли ви ги пишаа говорите? Цел живот ќе ме мачи едно прашање:

Зошто не издржавте? Нели сфативте дека беше готов, ќе одевме на избори на кои ќе победевме. Само за кратко време му ја продолживте кариерата. Не ја обвинувајте те ВМРО-ДПМНЕ, во неа има само поединици кои скршнаа од патот – додаде лидерот на ДПМНЕ.

Тој побара да се донесе Закон за амнестија за да има неселктивна правда за сите.

„Ајде донесете Закон за амнестија за да има неселективна правда, а не само селективна за тие што вас ви шурувааа“ – рече Мицкоски.

Претходна статијаПо исклучувањето, со став се јави Мијалков и му упати јасна порака на Мицкоски
Следна статијаХеројот од Македонија: Васил од Мала Преспа кој пати од церебрална парализа со трицикл успеа да извози 30 километри