ФОТО: Дибиров со дрзок и безобразен потег кон публиката во Полска

0

Македонскиот првак Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите откако загуби на гостувањето кај Келце во петтото коло.

Делумно поради судиски одлуки, а делумно и поради неспортската игра на домашните ракометари, на моменти имаше и искри на теренот. Натпреварот предвреме го завршија Вуко Борозан и Алекс Душебаев, а уште неколку пати во клинч влегоа други играчи.

На сцена стапи и публиката која ги навредуваше нашите ракометари, па поради тоа и Тимур Дибиров ги почести со среден прст. Русинот вака нервозен не сме навикнати да го гледаме чест, но синоќе очигледно нешто го погодило.

Претходна статијаГрчки професор: Ако пропадне Договорот со Скопје, Грција ќе мора да прифати двојно име
Следна статијаМакедонска работа: Се качиле на автобус за Копенхаген, па се испотепале