Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plius“ рече дека околу 40 лица вработени во МВР работеа со фалсификувани дипломи.
Тој потенцираше дека овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добиле отказни решенија и се здобиле со кривична пријава. Исто кривични пријави биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.
,,До сега беа откриени преку 40 лица вработени во МВР со фалсификувани дипломи. Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добија отказни решенија и кривични пријави. А кривични пријави беа поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи“-изјави Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски
Министерот Спасовски запрашан дали до сега некој од пратениците има пријавено закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, тој вели дека ниту еден пратеник нема пријавено било какво кршење на законот.