Сите заработени пари од концертот „Кафанска ноќ“ на 20 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, Аца Лукас, Мира Шкориќ, Мирослав Илиќ и менаџерот Саша Мирковиќ ќе ги донираат за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани на 16 март.
Мирковиќ за ова се огласи на неговиот ТикТок профил, и во разговор со Аца Лукас ги објасни деталите:
-Аца, ми треба твоето мислење. Комплетниот приход од концертот во „Јане Сандански“ да го дадеме, но ние да го дадеме, значи јас и ти да го однесеме, да го поделиме на семејствата на жртвите кои настрадаа во Кочани“, рече Мирковиќ.

-Апсолутно се согласувам. И тоа комплетен. Значи, не дел од приходот, туку комплетниоот приход, луѓето да можат да имаат увид во тоа. Ќе ви го кажам јас тоа што го кажа и Саша.
Целосниот приход од концертот на 20 декември во салата „Јане Сандански“ ќе го поделиме на фамилиите, главно на деца кои настрадаа во Кочани. Но, не откако ќе ги платиме трошоците за концерот“, рече Аца Лукас.
-Значи, ние ќе ги платиме трошоците, а комплетниот приход ќе го донираме. Јас се согласувам со Аца, и тоа ќе биде вака како што се договоривме, ќе го поделиме приходот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, и ќе продолжиме и понатаму да им помагаме на тие семејства“, дополни менаџерот Мирковиќ во ОВА ВИДЕО.
На „Кафанска ноќ“ како што веќе најавивме ќе пеат Мирослав Илиќ, Мира Шкориќ, Аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специајлни гости. Ова ќе биде една голема кафеана, со пијалоци и мезе, а во кафеаната ќе седат и пејачите, блиску до публиката.
Билетите се во продажба на овој ЛИНК. Секако, за оние кои сакаат да си купат билети од дистрибутерите, во продолжение следи детален опис и контакт каде можат да се најдат:
Скопје ЈК Травел Аеродром,
Т.Ц. Бисер (приземје спроти катната гаража) +389 70 409 800
Скопје Билетара – СЦ Јане Сандански,
СЦ Јане Сандански (пон-пет 10:00-18:00 ч.) +389 78 475 291
Охрид Ирски паб “Даблин”,
Кеј Македонија /
Тетово Гранд Тобако,
Ул. 29ти Ноември 102/2 +389 70 525 025
Велес Унисон,
Ул. Петре Алчев 2 /
Куманово Павел Тобако,
Ул. 3та Македонска Ударна Бригада 31 +389 79 309 925
Прилеп Сити Тобако,
Борка Талески 15А /
Прилеп ТА Бран,
ул.Пере Тошев 75 +389 48 411 188
Битола ТА Ариес,
Далматинска 2 (Стара Чаршија) +389 47 224 155
Битола Литература +389 78 475 293
Кичево Бакарди Бар
Гостивар ЛуЛу Травел +389 42 214 560
Приштина Рејв Травел,
Учк – Х1 – втор кат +386 49 759 859
Кавадарци Делта МТС,
ул.Орце Николов бр. 164 +389 43420100
Штип City Point – Полиција +389 71 415 999
Штип City Point – Зад Нама +389 70 999 035
Штип City Point – City Mall +389 70 999 154
Штип City Point – Населба Баби +389 72 559 999
Скопје ЈК Травел Центар,
Спроти Рамстор Мол
























