Кристина Димитри во подкаст кај Лазаров проговори за бившиот маж Кајмакоски (ВИДЕО)

0

Кристина Димитри беше гостинка во подкастот на Стефан Лазаров, заедно со Зоки Фаци и проговори за тоа што постојано ја врзуваат за Кајмакоски.

-Во државава само јас сум имала бивши, никој друг. Мислам дека сите други во манастир се, немале жена, маж.

Четири години јас не живеам со Даниел, не знам зошто тоа се зборува. Мислам кога ќе ми речат, дали ти смета што си бившата на Кајмакоски, не, би ми сметало, да сум сегашната можеби ама не бившата, рече Кристина и додаде:

-Многу жени ми пишуваат кои што се разведени, кои што се млади мајки. Ми пишуваат дека сум им инспирација, за да продолжат понатаму и дека сум храбра и тоа не е сега јас јавно да го кажам и да испаднам паметна, него мене тоа, навистина ме допира.

Јас ја знам таа тежина, и таа жена што поминува низ тоа, јас знам низ што поминува. Тоа навистина ме допира и често ме прашуваат за некои совети и знам да им напишам по некој збор и тоа се случува во изминатите 4 години.

Дури ме прашуваат што да направат во некоја ситуација и тоа е многу чудно.

Не можеш да им кажеш: „Направи нешто.“ Треба поддршка, да се разведеш.. Јас, на пример, кога ќе пресечам нешто, мене не може никој да ми сугерира.

Доколку сакаат да се разведат и го мислат тоа, треба да го направат, бидејќи ако е лош бракот, тоа ќе биде лошо и за децата.

Ако лош ти е бракот, детето треба да расте во убава средина, во здрава средина, рече Кристина, а потоа проговори и за бракот со Даниел:

На 17 се омажив. Луѓето мислам се поделени, некои го поддржуваат, некои не.

Па, да, се заљубив во него. Бившиот навистина е вокал кој што во Македонија, таков машки вокал, немало.

Можам да кажам дека и ден денес, знам да се слушнам со него, да побарам и некој совет за музиката.

Ете, и знае да ме посоветува.

Шала на страна, навистина е талентиран и во музиката, рече Кристина, а потоа за синот Давид проговори зошто му го крие лицето на социјалните мрежи:

-Па, искрено тоа го правам зашто ме следат секакви луѓе. Се бавам со јавна работа, а него во животот сакам да му дадам слобода да прави што сака. Тоа не е само за нас, јавните личности, и оние кои не се бават со јавна работа.

Не треба првите пелени на детето, стај на Фејсбук, може утре ќе биде политичар, ќе му ги вадат видеата од мајка му што ги постирала?, заврши Кристина.

Претходна статијаПеро Антиќ се појави со најстариот син Лука – еве колку многу си личат (ФОТО)
Следна статијаВерица Шерифовиќ покажа што прави Марија за неа, платила 100 евра за карти, да ѝ ја исполни желбата на мајка си (ВИДЕО)