Перо Антиќ се појави со најстариот син Лука – еве колку многу си личат (ФОТО)

0

Перо Антиќ е еден од најпознатите кошаркари во историјата на Македонија. Тој е единствениот македонец кој заиграл во најпознатата американска НБА лига, каде со успех играше во тимот на Атланта.

„Јас сум обичен човек, обично дете од центар- рекол Перо Антиќ во една прилика, кога гостувал во емисијата „Жешко столче.“

Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ.

Перо рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

„Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат, а не отишле“, изјави Перо.

„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.

-Едноставно кога знаеш дека донесуваш правилни одлуки, за доброто на кошарката, а не за себе не те допира ништо. Ми фали тоа да се конфронтирам, расправам и објаснувам, тоа беше мое размислување порано, но не гледам во тоа добивка.

Се работи за национален интерес за кошарката и сакаме да ги искористиме сите наши врски на најдобар можен начин за да се извадат нови кошаркари, нови млади.

Одиме само напред и не ги гледаме негативните коментари поради тоа што тие имаат, колку што знам јас еден лајк, еден „шер“ и на луѓето им е преку глава веќе од тоа.

Кај нас е „дежа-ву“, сите се тренери, сите се директори, се и сешто. Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно.

Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција. Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем.

Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам – вели меѓу другото Антиќ во ова интервју кој е претседател на КФМ.

Перо за себе си рече дека е бунтовник со причина. „Таков е мојот карактер, имам и тетоважа: Мој живот, мои правила, но не со глава во ѕид. Сам создавам за себе и за својата фамилија и мислам дека треба да ги следам своите правила.

Секогаш главата горе, животот е школо. Ако ја спуштиш, значи нешто те натерало“, одговори Антиќ.

Перо е татко на три деца. Зад себе има брак со уредничката на Портрет Магазин Ружица Максимовска, со која е во добри односи.

-Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени, вели Перо, кој купил и стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто кажува и за новата љубов.

Навистина сум среќен, открива Антиќ“. Подоцна, се откри дека новата љубов на Перо е Катарина Ивановска, наш познат модел која сосема кусо потвврди дека се среќни заедно, но повеќе не се огласија на оваа тема иако заеднички слики објавуваат на социјалните мрежи.

Сепак, Антиќ е и грижлив татко, а тоа може да се види од неговите профили на социјалните мрежи, каде редовно објавува фотографии со своите деца.

За своите три сина, Перо рече дека во ниту еден од нив не го гледа својот наследник. Лука и Павел се во кошарката, но тој не им прави никаков притисок, туку им дава поддршка правилно да се развиваат.

Перо Антиќ во една прилика објави стори од синот Лука, како споделуваат интересна авантура.

Тато Перо сака брзо возење со мотор навечер, а тоа го сака и Лука, па заедно уживале во адреналиснско возење.

Перо се појавил заедно со најголемиот син Лука на 26-то издание на Златна Бубамара и објавиле заедничка слика. Перо ја објави сликата на стори, а може да се забележи дека Лука како што расте сѐ повеќе личи на тато Перо.

Во описот на фотографијата, Перо ставил стикер на кој пишува “partner in crime“ што значи дека со синот многу се разбираат еден со друг, како да се сродни души.

Претходна статијаОва е најдоброто издание на Гавазова, личи на Јапонка, со годините станува се поубава (ФОТО)
Следна статијаКристина Димитри во подкаст кај Лазаров проговори за бившиот маж Кајмакоски (ВИДЕО)