Еве како се разигра Даниела Темелковска во неформално издание, кога не е на настап- овој човек е заслужен за тоа

0

Нашата позната пејачка Даниела Телемковска, на почетокот од оваа година доби внука од својот син Даниел, кој е исто така пејач.

За секој еден човек, една од најголемите радости е најчесто кога ќе стане родитител, но и кога подоцна ќе стане дедо или баба, тоест кога ќе добие внуче од своето дете, а таков е случајот и со Даниела.

Даниела го ожени даниел во септември минатата година, и на таа свадба згодната свекрва семни две креации, а кога ја дои внуката, Даниела на Фејсбук напиша:

– Колку е убаво чувството кога прв пат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува само се доживува, нека ми е жива,здрава и среќна внуката Јана.

А јас како баба секогаш ке ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа, а на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува!“, напиша на 4 јануари годинава Даниела.

Даниел и Даниела со здружени сили настапуваат речиси секој викенд. Малата Јана е уште многу малечка. Но, очекуваме наскоро среќната баба да се пофали со нејзина фотографија.

А нејзиниот син Даниел, на Фејсбук се има пофалено со неговата згодна жена, а тоа е Ема со која има објавено заедничка фотографија неодамна.

Даниела Темелковска долго време е дел од народната музичка сцена. На фестивалот „Валандово“ ја видовме во дует со нејзиниот син.

Тој во една прилика изјави дека неговата мајка го воспитувала на современ начин и во современ дух и му било уживање да расте со таква мајка.

Во една прилика, Вечер објави дека Даниела својата форма ја одржува со тоа што вози точак, а таа со слики на велосипед се пофалила на социјалните мрежи поред своите пријатели и обожаватели.

А познато е дека Даниела Темелковска редовно настапува на Мерак меана, и со нејзиниот глас и појава го разубавува студиото на оваа наша популарна емисијата.

Даниела многу се дружи со Скопски боеми, тоест со Трајче мајка кој е всушност и водител на оваа емисија. А исто така, Данче настапува и во ресторанот на Трајче.

Познато е дека сега, откако се среди штетата во овој ресторан кој из горе минатата година, таму пак се прави џумбуш, тоест пеат многумина од нашата фолк естрада.

Па така, на Трајче му е лесно кога си има другари и другарки, кои пеат кај него во ресторан. Тој објави едно видео од Даниела Темелковска.

Таму е таа во друштво на колегите, во опуштено издание, разиграна, и овде можеме да ја видиме нашата позната фолк-пејачка као игра и како се забавува кога нема настап.

А за тоа е ви-новен Трајче, кој до ова видео напишал: Тоа сме ние КАМИН КАМА. Започнува 7ма пролетна офа-нзива. Кога ја имаш естрадата позади себе.

„Благодариме“, напишал Трајче Толевски или Трајче мајка и ги означил нашите фолк-пејачи, а меѓу нив и Даниела, и покажал видео на кое Сузе Гавазова и Даниела си танцуваат.

Претходна статијаСе налути Славчо- Метео и најави: Ќе им биде срам пред својот праг да излезат на тие што ми љубоморат!
Следна статијаСани си ужива во Швајцарија, а еве која нејзина згодна колешка ѝ дојде на посета