Се налути Славчо- Метео и најави: Ќе им биде срам пред својот праг да излезат на тие што ми љубоморат!

0

Славчо Поповски, изминатие години стана познат прогнозер на времето и го доби прекарот Славчо- метео.

Тој минатото лето беше на одмор во Хрватска и од таму објави слика како срна на плажа се разладува во Јадранското море, се налути на своите не пријатели и на Фејсбук напиша статус кој изненади многумина:

– Бев многу добар и попуштав на секој и некој. Сакав да помогнам на секој но веќе не бива вака!

Од сега кој и да ме замоли за помош во поглед на Метеорологијата да го пробијам во јавност ќе биде пишман поради тоа што ќе го споделам јавно и да го погледне цела Македонија дека само кога има мака се јавуваат!

Дефинитивно сме никаков народ и не бидува само за измејување!

Тие кој ги учев во поглед на Метеоролијата се прават најдобри а ви давам чесен збор ќе им го донесам крајот и да не постојат на фб и по медиумите!

Секој кој ќе се осмели за помош ќе го усрамам пред цела Македонија, тоа да ви биде јасно како ден! Секако за крај да ја поздравам цела Македонија за огромната поддршка која ми ја дава!“, напиша Славчо.

Славчо прослави роденден минатаат есен, и наполни и 31 година. Тој на Фејсбук се сликаше со торта и кажа што си посакал и што очекува да му се исполни.

-Среќен сум и се радувам на секој ден, уште повеќе денес, кога ми е роденден. Најнапред ќе ги завршам работните обврски, за потоа да можам да се посветам на моите најмили.

Пред нас е убаво септемвриско пладне и затоа решив со семејството и најблиските пријатели, да прославиме во ресторан, на отворено. Имам многу желби и очекувам исполнување.

Ја споделувам мојата радост со сите вас драги мои граѓани и сограѓани, и секако ви благодарам многу за честитките кој ги имам во огромен број!. 31“, стои во статусот што го објави Славчо.

-Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега немам ниту една утка околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент.

За понатаму со Господ напред“, рече Славчо Поповски во едно претходно интервју.

Повеќе години го анализирам времето и правам прогнози, но откако се случи немилиот настан во Скопје во 2016 година за мене дозна целата наша држава и стекнав огромна доверба кај народот.

Инаку, метеорологијата ја сакам уште од мали нозе. Со нејзе сум се родил, иако можеби звучи смешно.

Ова во едно интервју за Женски магазин го изјави Славчо Поповски, познатиот метео прогнозер. Сите им веруваат на неговите метеоролошки пргнози, а Славчо навистина ретко промашува.

– Немам никакви притисоци. Дури и институциите доколку има вонредни услови ја следат мојата анализа и прогноза.

Моментално работам на тоа за во иднина да бидам дипломиран метеоролог бидејќи мојата работа веќе не може да се нарече хоби.

Како кај многу граѓани и млади луѓе, наглите промени секако влијаат и кај мене. Има моменти кога чувствувам замор, нерасположеност, па дури некогаш и некоја нервоза и глав обо лки.

Исклучиво работам на метеорологијата и сум премногу посветен кон неа. Соработувам со голем број медиуми и секако истите ми носат и приходи. Со Господ напред, тоа планирам и понатаму да го правам во животот“, изјави Славчо.

Тој на Фејсбук пак објави лут статус, а се однесува на оние кои го исмеваат и не го сакаат, а статусот гласи:

– Почитувани мои: Јас го одредив следното и тоа поради тоа што одредена гарда на луѓе имаат зациментирано не гативно мислење за мене и поради тоа што континуирано пишувале за мене се и сешто.

Ќе се фотографираат тие личности на фб и нивните фб профили и ќе бидат ЈАВНО објавени да види цела Македонија и регион! Е тоа ти е гостопримливиот и културен Македонец кој сака да те види само во ло шо.

ПОЧИТУВАНИ: ЌЕ се следи состојбата и во наредните недели и месеци истите тие љубоморни личности ќе бидат јавно објавени низ целата држава.

Давам чесен збор дека ќе им биде срам пред својот праг да излезат! Голем поздрав почитувани мои кој ве имам во ОГРОМЕН број од цела Македонија, па дури и од регионот!“, напиша Славчо.

Претходна статијаЛепа Брена на настап забележела чудна промена- веднаш заминала на лекар
Следна статијаЕве како се разигра Даниела Темелковска во неформално издание, кога не е на настап- овој човек е заслужен за тоа