Зоки Фаци откри низ што поминувале тој и Лила: Сестро ма, никој не се поздравува со нас…

0

Нашата позната водителка Лила Филиповска на Инстаграм сега често објавува слики од својата нова, кратка фризура, тоест нејзината природна коса.

Периката, таа претходно ја носеше, додека се бореше во кан-церот за кој сега рече дека е повлечен, а таа од оваа битка излегла како победник.

– Уште на почеток одлучив дека нема да зборувам за бол еста и дека нема да кажувам на никого, освен на најблиските. Тоа беше моја одлука.

Ми требаше мир. Немав сила да зборувам за тоа додека ми трае лекувањето. Затоа, продолжив да живеам и да работам како ништо да не се случува.

Признавам, воопшто не беше лесно, но Бог ми даде неверојатна сила за која не бев ни свесна дека ја поседувам.

Секако, непресушна енергија ми беа и љубовта на син ми, сестра ми, брат ми, мајка ми и моите прекрасни пријатели, раскажува водителката на „Сè или нешто“ за Убавина и здравје.

– Опера- цијата траеше 5 часа и помина успешно. И додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на опе-рација.

Иако, морам да ви кажам, неколку дена по неа морав да чекам да ми ги извадат дреновите, но јас не лежев туку шетав низ Истанбул со другарка ми и со три дрена во џебовите3, раскажа Лила за истиот медиум.

Лила за првпат јавно се појави со кратка коса на ревијата на која се отвори Саемот за венчавки, во хотелот „Александар Палас“, објави Еспресо.мк

Лила претходно проговори колку е среќна што ја победила бо-леста, а на ревијата, ја покажа својата природна коса и доби комплименти од присутните за изгледот.

Нашата позната водителка не облече венчален фустан како другите модели, беше уникатна во црн долг фустан и рекламираше накит.

Победнички чекорејќи на пистата, во еден момент накитот го покажа на специфичен начин, ставјќи ги рацете на вратот, со што со движење нагласи дека тоа е нејзината природна коса.

Лила со својата нова објава на Инстаграм упати уште една, допста важна порака. До нејзината фотографија, таа им се заблагодари на сите за поддрпката и напиша:

Еве баш вака сум насмеана заради илјадниците пораки што ги добив од вас драги пријатели, тони љубов и желби за добро здравје.

А што друго ни треба? Ако немаш здравје немаш ништо !!! Ама кога го имаме често забораваме да го цениме. Секој има своја борба, и никогаш не знаеш кој со каков проблем се соочува…

затоа секогаш биди љубезен барем тоа е бесплатно. Жалам што не можам на сите да ви вратам на прекрасните пораки но еве на овој начин сакам да ви се заблагодарам искрено и од срце за одвоеното време и убавите желби.

Во наредниов период подетално ќе зборувам за мојот пат се со цел да помогнам некому што можеби го поминува истото …

затоа што во вакви моменти поддршката е најважна и ве молам секогаш кога можете давајте ја, затоа што тоа е главната сила во битката со секое зл о па и со ова. Ве сака ваша Лила“, стои во објавата.

Инаку, пријателот на Лила, новинарот Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, исто така пред извесно време откри дека и тој имал ка-н-цер на ногата кој му бил успешно отстранет.

А на оваа објава, коментирал току Зоки Фаци и открил нешто што досега никој не го знаел за него и за Лила, за времето кога и двајцата не биле добри со здравјето.

-Драга Лилиќ, да не насмеам и ја, се сеќаваш кога седевме во Дион, ти се врати од хе-мо-то, и коа ти реков сестро ма, никој не се поздравува со нас зашо сме кан-це-ро-гени.

Ете тоа сеа е зад нас, да го зак опаме во минатото, доаѓаат убави денови, пролетта доаѓа љубави“, напишал Василевски, а исто така емотикони со срциња ставила Тијана Дапчевиќ.

Претходна статијаПознатата српска пејачка се соочува со тешка дијагноза, докторот ѝ забранил да зборува
Следна статијаРоберт Јанков откри што прави во Канал 5 кога ќе се изгасат камерите- ова им го препорачува на сите