Роберт Јанков откри што прави во Канал 5 кога ќе се изгасат камерите- ова им го препорачува на сите

0

Роберт Јанков е долгогодишно лице од телевизија кој е карактеристичен сам по себе со својот начин на изразување и комуникација со гледачите.

Одблиску со овој ТВ лик, е објавено тво едно интервју за Точка.

-Се е навика, кога ќе се навикнеш на одредени работи кои ти ги пласираат одредени луѓе имаш повеќе доверба во нив.

Очигледно дека моделот на директни јавувања во емисија и дебатирање на тема функционираат кај нас, 24 часа да ги оставиш луѓето да се јавуваат, они ќе си зборат.

Ќе им дадеш некоја скокотлива и примамлива тема, актуелна пред се и нема никаков проблем. Тоа е тоа што функционира во Здраво Македонијо.

Јас ги одбирам темите, јас сум уредник, содржински ми помага Милена, но за она што ќе се дискутира и разговара во емисија е мој избор.

Пионери сме во овие контактни утрински емисии и мислам дека ја имаме добитната комбинација за успешна утринска емисија.

Од последните теми, нешто на што се сеќавам беше Легализација на марихуаната во медицински цели. Тука имаше различни јавувања, некои луѓе избегаа од темата, но беше симпатично.

Беше гледливо и беше нешто што можеш да го слушаш како коментар.

Социјалните теми се секогаш актуелни, темите кои се поврзани со здравството, со судството, теми каде што луѓето имаат проблеми најчесто и сакаат да ги кажат, затоа што немаат на друго место каде да го споделат тоа.

Постојат такви луѓе на кои емисијата им е хоби, забавно им е и секогаш имаат што да кажат. Ние ги викаме експерти од секоја област, така што да, има такви гледачи од цела Македонија кој редовно се јавуваат да го кажат своето мислење.

Знаат некој ден да прескокнат да не се јават, но петок ни е ден кога се дебатира на сите изминати теми неделата, така што тогаш обавезно се јавуваат.

Некоја конкретна статистика немам, но имаме редовни гледачи од Штип, Охрид, од селата, но претежно ни се јавуваат од градови. Знаат да ме сретнат луѓе и да ми кажат дека не се јавуваат, гледаат и интересна им е емисијата.

Источниот дел е посебно актуелен, дали поради тоа што имаат повеќе социјални проблеми, па сакаат да си ги кажат.

Според овие услови што ги имам за работа, слободата во креирањето на емисијата, голема благодарност до Канал 5 што препознаа дека можам да се носам и како уредник и како водител.

Драго ми е што до сега е така, но не значи дека тоа ќе го работам цел живот. За сега сум задоволен, не ми е досадно. Првиот момент кога ќе почувствувам дека ми е досадно и дека ми требаат промени, ќе го направам тоа“, изјавил Роберт.

Во една прилика на социјалните мрежи објави краток статус, но кога човек ќе се замисли, ова на сите ни се случило:

“Нема полошо кога во кафич бараат одма да ти наплатат, се осеќаш ко крим иналец…”

Навистина, колку понижувачки делува, само што си седнал во кафич, нарачуваш пијачка, конобарот/ката ти носи и заедно со нарачката ти носи и сметка и те замолува веднаш да платиш!

Чувството е непријатно, колку и да се вади вработениот дека му завршува смената или дека има гужва и.т.н.

Чекај малку, можеби ќе нарачам уште една пијачка, две, три, пет. Зар по секоја треба да се расправам со пари, да ми го уништиш излегувањето“, објавил тој.

Секое утро можете да го видите на малите екрани. Новинар по професија, а посветен татко и сопруг по вокација.

Инаку, нргпвото хоби е фотогтафијата, па на Инс профилот на Роберт можат да се видат доста интересни црно бели фотографии од местата кае што патува, низ Македонија и низ Европа.

Роберт го практикува здравиот живот кој секако подразбира и физичка активност. Тој неодамна на својојот Фејсбук профил објавил интересна фотка.

Тоа е слика од жена која вежба на работното место и наслов: Вежбајте на работа и останете здрави, а Роберт до ова допишал: Препорачливо е.

Ова значи дека вежбањето Роберт го практикува и на своето работно место, во Канал 5 телевизија, секако кога ќе се изгасат камерите.

Претходна статијаЗоки Фаци откри низ што поминувале тој и Лила: Сестро ма, никој не се поздравува со нас…
Следна статијаСнежана Лупевска ужива во семејната среќа, еве што напиша за својот сопруг Ерџан