За нашата позната пјачка која е 20 години на сцената. Елена Ристеска целосно важи онаа народна поговорка: Водата мирува, но не и таа. Среде најголемата пандемија, Елена основа свој козметички бренд кој постепено се шири.
Кариерата на Елена започна во шоу на продукцијата „М2“, „Плеј-потрага по ѕвезда“ пред 18 ипол години, и се покажа како успешен проект. Со нејзината победа во 2002 година, ѕвездата беше родена“, напиша Женски магазин во една прилика.
– Не жалам за ништо во поглед на професионалниот дел од мојот живот од оние нешта што се случиле, но, жалам за оние кои не се случиле.
Жалам што не правев повеќе големи концерти како тој во Метрополис Арената, бидејќи обожавателите секогаш го бараа тоа од мене, потоа мислам дека иако имам доволно песни и меѓу нив хитови, сепак требаше да направам повеќе албуми и повеќе музика.
Додека се фокусирав на небитни нешта и луѓе во приватниот живот, го изгубив времето за да создавам повеќе музика. Ќе се потрудам во иднина да го променам тоа и дека еден ден нема да жалам за ништо.
Бидејќи сум перфекционист и голем анализатор , долго размислувам пред секоја одлука. Но, се случувало тоа некој да одлучи за мене погрешно кога не сум била сама во бизнисот.
Како на пример одлука за концерт на голем христијански празник. Или кога пред неколку години бев изла жана дека ќе пеам на “Бела ноќ” а всушност беше настан со политички контекст.
Сепак се појавив на настанот како голем професионалец поради публиката која ме очекуваше, и секако никогаш никој не дозна дека тоа не беше моја одлука туку тешка игра на поединци.
Игра во која најдебелиот крај го извлеков јас , но и мои колеги, добивајќи разни пораки, а сепак луѓето не ја знаеја вистината, оваа вистина. За кој настан станува збор тој што треба ќе сфати“, кажа Елена во ова интервју.
-Единствено на оние мажи кои се нереализирани и неуспешни им е потешко да се додоворуваат на познати и успешни жени. А токму таквите најмалку ги ценат жените.
Успешните мажи не сакаат безгласна буква покрај себе, или слика без тон, тие сакаат таа “слика” да има содржина. А таа “содржина” во иднина ќе треба да учествува во донесување на важни семејни одлуки , па дури и во професионалните одлуки .
Лош избор на партнер е еднакво на лоша животна инвестиција“, додала нашата позната пејачка.
Елена дала интервју во Слободен печат, и таму ја прашале дали има вистина во она што се зборувало за неа, дека тајно се има омажено.
Во едно видео интервју, за тебе изјавија дека тајно си се омажила, а постојат и такви чаршиски муабети. Има ли вистина во ова- ја прашале Елена, а таа рекла:
– Не сум го гледала тоа видео интервју, така што не знам за што станува збор. За што и да станува збор, ако тајно се омажив, ќе ми видевте веројатно некој прстен на рака.
Благодарам за добрата идеја, она што е убаво велат подобро да го чуваш од завидливите. Јас сум среќна и емотивно исполнета, а за тоа не е секогаш потребен партнер.
Тоа е нешто што е врзано со моето внатрешно чувство и нема врска со надворешни фактори“, рекла Елена Ристеска во ова интервју.