Милена се пофали како ѝ успеало да ослабе- сега изгледа како да не родила две ќерки

0

Милена Антовска- Станковска е добро позната на македонската јавност како водителка на утринската програма “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија.

Секое утро таа ги буди гледачите со насмевска и со посебна харизма, напиша Точка во една прилика.

Иако е релативно млада нејзината тв кариера секојдневно расте, а ја гледаме како сериозна личност која професионално ги завршува секојдневните обврски, во приватниот живот, Милена е сосема друга личност.

Во интервјуто за Точка таа открила многу нешта за неа и за тоа како размислува на одредени теми.

– Сметам дека спознавањето е долг процес што трае цел живот. Кога стануваме свесни за сопствените реакции и случувања или кога ќе почувствуваме дека во одредена фаза во животот се менуваме.

Тогаш почнуваме да се спознаваме себеси, да сфаќаме што всушност сакаме и кон што целиме. Домашното воспитување, реалното гледање на работите и рационалното размислување е она што влијае кај мене.

За мене е многу важно да се спознаеш себеси затоа што тоа е она што ни е потребно за да бидеме слободни, а незнаењето ни создава стр ав од непознатото.

Поминаа години од кога прв пат им кажав добро утро на гледачите на Канал 5. Тоа беше едно сосема ново искуство за мене и тогаш не знаев точно што ми се случува.

Сега од оваа дистанца сфаќам дека било стр есно, но и храбро од моја страна. Инаку пред да бидам водителка на емисијата Здраво Македонијо, работев неколку месеци како репортер во Канал 5.

Тоа беше и всушност првиот контакт со новинарството.

Нормално дека гледам Канал 5, најчесто ги следам вестите, но искрено јас не ни гледам многу телевизија. Голем дел од денот поминувам на интернет и се’ што ме интересира дознавам преку него.

Сепак кога имам време сакам да погледнам некој добар игран филм или серија на странските канали“, изјавила оваа наша позната водителка за Точка.

Многу ме нервира кога некој се обидува со својата негативна енергија да ми го расипе денот. Важно ми е утрото да ми започне со убави мисли и затоа не сакам никој да ме спречи во тоа- додала Милена.

Милена за еден свој обичен ден рекла дека ѝ е „турбо“, откако е мајка на две ќерки. Помалата Јоана, на Василица наполни една година, а постарата, Лана Марија има пет ипол години, на празникот Голема Богородица, на 28 август ќе наполни шест.

Милена во интервју за Еспресо зборувала за тоа како се вратила во форма, откако се породила. А минатато лето, таа напиша еден статус кој се однесува на нејзината фигура.

Тогаш кажа дека се мислела дали да постора слики од летото, затоа што не изгледа исто како што изгледала пред да стане мајка, но се гордее со себеси затоа што има две прекрасни ќерки и сопруг.

– Се вратив во форма, и дури не ми се верува дека без посебна диета или вежбање сум супер сега. Само што престанав со до ење, телото ми се врати во првобитна состојба за среќа“, низ насмевка раскажува Милена за „Еспресо“.

Не може секој да те сака или да си му убав. Ова не важи само за мене туку за било која друга јавна личност. Одамна не читам коментари затоа што мислам дека нема потреба да читам кога станува збор за физички изглед.

Коментари секогаш имало секакви, и лоши и добри, но не замерувам“, кажала оваа наша згодна водителка.

Претходна статијаЕлена Ристеска ја кажа вистината за „тајната мажачка“, прозборе по сѐ што се зборуваше за неа
Следна статијаАна Николиќ ѝ се пушти на Јелена Карлеуша и лом ја направи со овие зборови