Миланка Рашиќ раскажа што ја погодило толку cилно (ФОТО)

0

Од од оваа сабота, и македонската публика ќе може да го гледа филмот Тома, посветен на легендата Тома Здравковиќ, откако во Србија е вистински хит и руши рекорди на гелданост.




Овој филм е импресионистички портрет на Томо Здравковиќ (Милан Мариќ) што ги покажува неговите почетоци, исто како и врвот на славата, неговата љубов што го инспирираше при компонирањето на некои од најголемите хитови, исто како и врската со голем број пријатели, кои ги имаше во уметничкиот круг на поранешна Југославија.




Покрај Тома, преку филмот ги следиме животите на познатите тогашни уметници – Зоран Радмиловиќ (Радомир Николиќ), Мајк Антиќ (Марко Јанкетиќ), Тозовац (Иван Зекиќ) итн.




Ова е биографска приказна за Томо Здравковиќ, човек што го паметиме не само по неговите песни, туку и по еден голем боем – по однесувањето и душата. Филмот следи две линии на дејствување – во 1991 година, ние ја следиме врската помеѓу Том и докторот што го започнува третманот на Том и како тоа запознавање се претвора во пријателство.




Втората линија го следи животот на Тома – од детството во Пежењевац, преку неговото запознавање со Силвана Арменулиќ (Тамара Драгичевиќ), што одлучувачки ќе влијае врз неговата кариера и приватниот живот, достигнувајќи невидена висина на популарност и дното на животот. Ова е приказна за душата.




Автор на филмот е Драган Бјелогрлиќ, познатиот актер кој во вистинско време нуди хит приказна која многумина ја доживејаа многу емотивно. Меѓу нив и е нашата позната новинарка и Тв лице Миланка Рашиќ, која го гледала во Белград.




Рашиќ на својот Фејсбук профил објави дека била во Домот на синдикатите и таму го проследила филмот за последниот боем и еве како таа го пренесе своето униатно доживување н социјалните мрежи:




-Одамна не ме погодил филм волку силно. Приказната за музичката легенда Тома Здравковиќ ја гледав во Белград во Дом синдиката, сегашна Комбанк дворана. Неверојатно е чувството кога знаеш дека во таа сала Тома држел концерти.




Филмот е феномен, за 3 и пол недели го виделе повеќе од 600 000 луѓе. Сите излеговме од салата со солзи. “Тома” е повеќе од филм, тој е чиста емоција.

А кога го гледате Милан Мариќ, во очите му ја гледате добрината на Тома, а во насмевката тагата…




Огромно браво за Драган Бјелогрлиќ (режисер и продуцент), Жељко Јоксимовиќ (продуцент, композитор) и маестралните актери, пред сѐ Милан Мариќ,Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина, Паулина Манов, Мирјана Карановиќ, Сања Марковиќ, Андрија Кузмановиќ, Милена Радуловиќ. Филм што не се пропушта“; објави Рашиќ.

Претходна статијаОва е семејството на новата сопруга на Маленко – Метка направи неверојатно нешто за својата ќерка во домашната гаража (ФОТО)
Следна статијаГо снема Роберт Орданоски од социјалните мрежи, затоа Агнеса заработува на Инстаграм, парче прави (ФОТО)