Ова е семејството на новата сопруга на Маленко – Метка направи неверојатно нешто за својата ќерка во домашната гаража (ФОТО)

0

Вчера, хит во јавноста беше петтиод брак на поранешниот пливач Александар Маленко, откако неговата сегашна сопруга, Метка Спаравец објави на Фејсбук дека се омажила за него, и потоа на своето презиме го додаде неговото.




За Метка Спаравец се знае дека е познат пливачки тренер, но во Словенија се знае и дека е мајка на две ќерки, кои исто така се пливачки, како и таа. Минатата година, словенчкиот портал Вечер објави:




За некои словенечки пливачи, божиќните и новогодишните празници беа многу кратки. Исто така и за Мартин Бау, сестрите Катја и Ника Фаин и нивната мајка, тренерот Метка Спаравец.




Сите тројца беа под нејзино водство веќе извесно време на подготовки на португалскиот остров Мадеира, каде што е роден славниот фудбалер Кристијано Роналдо и каде што аеродромот го доби името по него и му беше поставена бронзена статуа“, пишува порталот за Метка и за нејзините ќерки.

Крушата под круша паѓа, па нејзината ќерка Катја исто така почна да дава интервјуа по словенечките медиумии како млада успешна пливачка, која го има предизвикот да ја опарвда довербата на својата успешна мајка.




-Нејзината мајка Метка Спаравец е запишана во историјата на женското словенечко пливање како прва што освоила медал на Европските првенства.

Катја Фаин сега оди по нејзините стапки, и на крајот на месецот, како и нејзината мајка пред четврт век, за првпат ќе настапи на најголемиот спортски настан – Олимписките игри. Младата пливачка заминува на игрите без голем резултатски притисок, но сака нов личен рекорд“, објави siol.net о јуни годинава.




Разговаравме со 19-годишната девојка точно за време на паузата помеѓу вода и сув тренинг на нејзиниот домашен базен Пристан во Марибор, каде што ги учеше последните детали пред да замине за Јапонија.




По турбулентната сезона минатата година, таа беше решена да ги покаже своите најдобри настапи во кариерата на Игрите во Токио. Таа покажа добра форма во мај на Европското првенство во Будимпешта, кога го освои шестото место на 200 метри слободно, што беше најдобар словенечки резултат на натпреварот.




Инаку, нејзината мајка ѝ го овозможи она што многу пливачи го немаат, а тоа е домашен базен каде што Катја може да вежба, секако со помош и совет од мајка си. Во времето на најголемиот ек на пандемијата, Катја, како и многу пливачи, беше лишена од основните потреби на секој спортист, местото за тренинг, па се снајде на свој начин.




-Словенечките пливачи се лишени од тренинзи во нивната природна средина – базенот, од средината на март, што во голема мера влијаеше на нивните подготовки за оваа сезона.




Пливачката од Марибор, Катја Фаин, по примерот на имагинативни алтернативни решенија од странство, го најде својот сопствен пат – тренира во мал монтажен базен во својата домашна гаража“,. објавија словенечките медиуми.




Александар Маленко, по браковите со пејачка, актерка, угостител…, сега за првпат ја најде својата среќа крај пливачка, која е борбена и снаодлива мајка, и ете, се сетила на својата ќерка да ѝ овозможи тренинг ни помалку ни повеќе туку во гаража.

Нема зомнеж дека Маленко ќе се вклопи во ова пливачко семејство на Матка, а најверојатно и нејзините ќерки ќе „купат“ по некој совет од Маленко, кој е искусен и наградуван пливач.

Инаку, Метка освен двете ќерки, има и два сина тоa може да се забелжи по сликите на социјалните мрежи.

Претходна статијаОва биле последни зборови пред да си замине, а откриена е и приказна што никогаш не сте ја знаеле за легендарниот актер (ФОТО)
Следна статијаМиланка Рашиќ раскажа што ја погодило толку cилно (ФОТО)