Домашно сирење: Се прави за 10 минути, 1 час потоа може да се јаде

0

За да направите домашно сирење дома, не ви е потребна голема умешност. Ова сирење може да го направат и тотални аматери во кујната. Потребни се само три состојки, а нема да ви одземе ниту многу време.




Се разбира дека најубаво е сирењето приготвено од домашно млеко, но ако и вие живеете како мене, во град, тогаш сирењето ќе мора да го приготвите од купечко пресно млеко, кое исто така излегува одлично и вкусно.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри пресно млеко со поголем процент на млечни масти (3,2 %), малку сол по вкус (1 супена лажица) и 60 мл бел оцет. Уште ќе ви биде потребно: чисто тенџере, газа и метална цедалка.




ПОСТАПКА: Млекото ставете го во поголемо тенџере. Ставете го на тивок оган да врие, па додадете сол по ваш вкус. Одвреме-навреме мешајте. Млекото не смее да зоврие, па пред да почне да врие тргнете го тенџерето од оган.

Потоа додадете го оцетот, па промешајте (ќе забележите како ќе започне да се засирува) и оставете неколку минути да отстои (5 минути се доволни). Во друго тенџере ставете цедалка и над неа газа. Полека ставајте ја смесата од тенџерето кое што претходно го приготвивте, па убаво процедете ја смесата низ цедалката.




Посолете дополнително, доколку сметате дека не е доволно солено. Соберете ја газата, па превртете, а потоа со помош на чинија исцедете. На крајот ставете ја чинијата над газата (во која што се наоѓа сирењето и над чинијата ставете нешто тешко, како на пример, аван).

Оставете го сирењето да отстои околу еден час, а потоа е подготвено за конcyмирање. Во сурутката исто така, може да додадете уште малку сол и да ја користите како солило за сирењето, а остатокот да го складирате во фрижидер и да ја пиете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ. Прочитајте го следниот рецепт за сирење кое се приготвува со лимонтус (лимонов сок).




Потребни состојки: малку вода, околу 100-150 мл, 5 литри свежо млеко со масленост од 3,2%, 10 г лимонтус (една кесичка) и сол по вкус.

Постапка: На дното од тенџерето ставете малку вода колку да се покрие и навлажни целата површина. Ова се прави за да не загори млекото. Потоа истурете го целото млеко во тенџерето и ставете го на оган да се вари (од 9 на ринглата, ставете на 7 или 8 степен).




Тенџерето поклопете го со капак. Кога млекото малку ќе се загрее додадете сол по желба, приближно една или две кафени лажички, промешајте го добро со дрвена лажица и повторно поклопете го со капакот. Повремено проверувајте го и промешувајте го за да не ви загори.

Кога ќе започне да врие, односно кога ќе се формира дебел слој пена, не дозволувајте да ви претече, туку веднаш во млекото додадете една кесичка лимонтус, а огнот и натаму нека остане на седмица. Внимателно промешајте со лажицата з ада се растопи лимонтусот.




Мешајте непрекинато, па по некоја минута ќе забележите дека од млекото ќе започне да се одвојува густ дел и проѕирен дел, односно сурутката. За ова, веројатно нема да ви биде потребно подолго од една минута, а млекото веднаш ќе започне да се засирува.

Продолжете со мешањето додека убаво да се засири смесата, вкупно приближно две минути. Потоа исклучете го огнот, но оставете го тенџерето и натаму да стои на топлата рингла. Од овој момент повеќе не ви е потребна дрвената шпатула за мешање, туку земете една длабока кутлача.




Засиреното млеко промешајте го со кутлачата и оставете го кратко време да отстои врз ринглата, па тргнете го на страна и оставете го уште 5-10 минути да одмори. Подгответе сито и еден длабок чист сад во кој ќе ја процедите сурутката.

Зафаќајте од засиреното млеко и ставајте во ситото (ако немате сито, тогаш ова правете го преку густа газа. Оваа количина е доволна за само едно сито од кое ќе излезе една пита сирење. Кога ќе се намали количината во тенџерето, подигнете го, па истурете ја преостанатата содржина.




Со дрвената шпатула малку притискајте врз сирењето за да се исцеди што повеќе сурутка. Ова притискање мора да се направи додека сурутката е топла, значи истискајте колку можете повеќе, да остане само сувиот дел.

Потоа ставете една чинија одозгора и добро притинете. Целата сурутка која ќе ја исцедите складирајте ја во шишиња и чувајте ја во фрижидер. Може да ја пиете наместо млеко, бидејќи ги содржи сите хранливи материи и многу е здрава.




А еден дел од сурутката ќе ни биде потребен за подоцна, за да го чуваме сирењето во неа. Вака приготвеното сирење потиснато со чинија одозгора, оставете го на собна температура неколку часови, а најдобро преку цела ноќ, за убаво да се исцеди и стврдне.

Следниот ден можете веднаш да го послужите, превкусно е. Ако го послужувате веднаш, можете да го посолите по вкус, а доколку го оставите подоцна, солта додадете ја во сурутката која ќе биде негово солило.




Солило и складирање на сирењето: исечете го сирењето на помали делови и ставете го во садот во кој ќе го чувате. Одозгора посолете го по вкус. Одозгора прелијте ја сурутката, да биде сирењето целосно прелиено. Вака приготвеното сирење пклопете го и чувајте го во фрижидер, а можете и веднаш да го користите.

Извор: НМД.мк

Претходна статијаРускиот д-р Лео: Цел живот ве лажат за појадокот дека е најважен, еве како треба да се јаде
Следна статијаМногу луѓе го прележуваат вирусот на нога, а еден симптом речиси сите го имаат