Александра од „Брза кујна“ загуби драгоцена и скапа работа, пријави во МВР и се случи чудо (ФОТО)

0

Популарната водителка АлександраИлиевска до скоро ја гледавме како домаќинка на емисијата „Брза кујна“, заедно со шефовите Марк и Никола. Александра се повлече од овој ангажман поради убава причина, бременоста.

Сега, таа е мајка на слатката Сара, а во време на бременоста даде интервју за ringeraja.mk, и за својот живот раскажа:




-Современиот начин на живот ги поместува границите за основање на семејство. Оптималното време кога жената треба да остане бремена е кога емоционално, ментално и финансиски е подготвена, а тоа се разликува од жена до жена. Дали навистина постои вистинско време…

Како што излегува, секој што ќе го прашате ќе ви даде поинаков одговор. Да се биде во можност да создадете живот е еден од најубавите подароци што им се дава на жените.




Сметам дека никогаш нема да сме целосно подготвени за сé во животот, а во многу наврати животот ни докажува и покажува дека не секогаш работите можеме да ги планираме.

Најдобро е да уживаме во сé што ни се случува и кога ни се случува бидејќи некои работи во животот едноставно требало да се случат кога тоа бил вистинскиот момент.




Бременост, брак, купување на кола, стан или што и да ви е во моментот на ум… Секогаш барајте позитивни работи, па дури и во негативните исходи, бидејќи каде што е застапена црната боја, секогаш се надополнува белата за баланс.

Верувајте им на интуицијата и срцето, тие никогаш нема да ве излажат. Секогаш имајте резервен план.




Кај нас бременоста се случи природно кога најмалку очекувавме, во интересно време за нас и за светот, во време на пандемија. Играјте ја играта на животот правилно, а тоа е никогаш да не се откажувате од вашите соништа.“, рече Александра.




-Не постои поголема жртва на светот од онаа што нашата мајка ја прави за нас. Всушност, таа е најдобрата жена во нашиот живот. Таа е наш водич, учител и е одговорна за она што сме ние денес.

Било да сме тажни или среќни, таа е секогаш покрај нас, дарувајќи ни безусловна љубов. Мајчинството ме потсети и научи на тоа што е мојата мајка за мене, да во иднина јас бидам најдобрата за мојата Сара.




Во животот не постои посуштинска и повечна улога од мајчинството“, рече таа во Женски магазин, а потоа додаде:

-Со Александар немаме генерална поделеност на домашните обврски. Секогаш се трудиме да си го олесниме секојдневието и животот со тоа што обврските ги завршуваме заедно.




Вистински среќни партери се исполнети партнери, парнери кои се реализирани и кои ги знаат потребите и она што навистина поттикнува среќа.

Со Александар се запознавме преку моја другарка од средно, и живoтот не би можела да си го замилам како би ми се одвивал да не го запознаев бидејќи ми е најголемата поддршка во секој сегмент од животот.




За да ги опишам неговите најубави особини и најважни квалитети ќе ми требаат многу зборови и ова интервју ќе е најдолгото, па затоа ќе кажам наједноставно дека тој е сè она што јас посакував“, рече Александра за сопругот.

Потоа изјави дека e во контакт со нејзините колеги од „Брза кујна“, собено со Никола и неговата сопруга Стефанија со која ги споделуваат слатките маки за нивните бебиња.

Александра и Александар ја прославија својата пет годишнина од бракот, и по тој повод таа напиша:




-Денес славиме 5 години брак. Нашата свадбена прослава низ слики ќе ја зачуваме низ годините. Персонализирана кутија. Сликите вредат илјада зборови но спомените се бесценети. Зачувајте ги вашите спомени.Љубов

Потоа, наполни 36 години и напиша дека ова за неа била година полна љубов и дека имала многу убав роденден.




Но, очигледно дека не било се мазно во домот на убавата водителка. Имени, таа и Александар го загубиле својот тротинет, и иако многумина не веруваат дека се што ќе се загуби се наоѓа, во случајот на Александра не е така.

Таа со статусот кој го објави раскажа дека нивната „играчка“ е повторно дома. “Драги пријатели вербата во МВР и добрината на луѓето денес ни е вратена. Тротинетот е дома Благодариме“.

Претходна статијаПобедува ли повторно Бојко и на овие избори?
Следна статијаНашиот познат музичар доби добар бакшиш, ама не во пари, ќе има за сутлијаш, ќе има и за тава со пилешко (ФОТО)