Нашиот познат музичар доби добар бакшиш, ама не во пари, ќе има за сутлијаш, ќе има и за тава со пилешко (ФОТО)

0

Петар Младеновски или познат како Пеце од Суперхикс во едно интервју зборуваше што у недостасува од она вистинско време кога луѓето ја сакале музиката:

“Жед“ за музика фали луѓе. Не постои веќе, ја нема. Барем не онака како што ја имаше во 80-тите 90-тите.




Лично моја перцепција е дека е се толку масовно и достпано денес (благодарение на интернетот) што веќе помладите баш и не се посебно заинтересирани за ниеден артист, а низ музиката и оние илјадници песни поминуваат по еднаш и тука веројатно завршуваат со “преслушување на материјалот“.

Па ние една касета или плоча кога ќе добиевме или купвме ја “вртевме“ со месеци. Тоа го нема повеќе. Тие навики некако исчезнаа благодарение на технолошката револуција.




Не “изеде“некако овој новокомпониран капитализам и вечна транзиција.Се некако немаме време. Се нешто сме зафатени. Не постојат повеќе ни викенди, ни безгрижни лета, ни циклуси за опуштање.




Ни недостасува повеќе време за нас, за насмевки, за фамилијарни и маалски дружби. Многу се одалечивме едни од другите, и се подалеку сме со секој нов ден. За жал“, рече Петар во Женски магазин.




Потоа зборуваше за анегдотите на групата Супехикс, која имала многу концерти низ целиот свет:

– Па јас еднаш крајно серизно споменав дека тука има материјал за два тома! Еве ви само една од илјадниците:




Завршуваме со концерт во Луслиген, Швајцарија, влегуваме веднаш во комбе и патуваме цели 15 часа до Прага каде што имаме за дента букиран настап на еден фестивал.

Слегуваме мртви уморни и поспани од комбето и пред комбето не чека промотерот кој ни вели: “Момци, морам нешто да ви кажам. Се работи за моја грешка, концертот беше вчера!“, рече Петар.




Зборуваше и за неговата сопруга Елизабета која е актерка и глуми меѓудругото и во Македонските народни приказни.

-А што е тоа “јавна професија“ во Македонија? Хаха, не сме под некој преголем притисок ниту нешто посебно презафатени.




Има моменти кога сме повеќе ангажирани има моменти кога сме помалку, но далеку од она работно време на некој во канцеларија од 9 до 5 и нивните чести службени отсуства.Така што, ако мене ме прашувате апсолутно сме само во предност и знаеме така фино да се изорганизираме и си поминуваме фино и ништо не ни фали.




Можеби ќе ви звучи чудно, но моите деца не знаат ни половина од опусот на Суперхикс. Ако ги интересира самите ќе побараат и преслушаат.

По дома секако се слуша и реге и ска и панк но и Ријана и „Златно славејче“. Маша е повеќе по детските песнички и новите поп хитови а Никола е страшно “заразен“ со „Леб и сол“ и многу ми е драго за тоа“.




Во време на пандемијата, тој со својата група „Суперхикс“ не настапуваше како и сите музичари, а сега ја почнаа сезоната на концерти и тоа на истокот на Македонија.

Пеце раскажа дека првиот настап на Суперхикс по пандемијата се случил токму во Кочани, на настанот Сутлишиијада. Тој кажа и со што ги наградила публиката во Кочани, а тоа не се пари:




-Only in Kocani! Публика знае да награди со 5кг ориз! Сутлијашијада 2021ва!!! Секоја чест!!

Претходна статијаАлександра од „Брза кујна“ загуби драгоцена и скапа работа, пријави во МВР и се случи чудо (ФОТО)
Следна статијаЕли Танасковска и фолкерката Сани си имаат заеднички бизнис, еве каков (ФОТО)