Ноне покажа каде работи на брод, луксузот ѝ личи (ФОТО)

0

Слатката велешенка Ноне која пееше во музичкото шоу Идол, долго време си пее само за своја душа, а она од што живее е работата на брод. Нема место на светот на кое Ноне не била.




– Јас сум личност што многу брзо се здосадува, без разлика што и да правам и колку и да сум била ентузијастична на почеток, ако понатаму не се случува ништо различно или нешто ново, толку, се префрлувам на нешто ново…

Затоа до сега имам многу работи започнато и недовршено . Ама затоа чекорот што го направив и одлучив да започнам со работа на брод, мислам дека ми го смени животот.




Таму никогаш не може да ми биде досадно… секој ден нови места, и секоја недела нови патници, различни муабети… а не како тука, ќе седам и ќе трачарам аууу косава ми се крева :/ едноставно се затупавуваш… туку да се вратам на прашањето.




Секое место е убаво на свој начин. Би ги издвоила, Фуншал Португалија, Ајацо француска општина, Аликанте Шпанија, Варнемунде Германија, Ашдод Израел.“, изјави таа во едно интервју за puls24.mk




Потоа ја прашаа: Како реагираш на шегите кои ги измислуваат луѓето во врска со твојата висина?

Не реагирам, обично моите другарки и другари реагираат. Некогаш знаеме и да се насмееме заедно. Не сакам да звучам нарцисоидно, ама јас многу си се сакам каква сум!“, рече Ноне.

Во „Црно-бело“, таа зборувапше за своето искуство на бродот и местата кои ги посетила, но и луѓето што ги запознала.




Па, дефинитивно во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци).




А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод.“. Таа зборуваше и за тоа како с егпеда за десет години.

Ме фати еден период криза и реков доста е. Ама секогаш кога ќе си дојдев дома после месец ипол сакав да си одам.




Така што немам конкретен одговор. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга.

По повеќе одедна година, Ноне си замина повтрно од родниот Велес, и му се враќа на бродскиот живот и работата на брод.

Таа објави слика од авион и напиша: Над облаците, од кои чекорам. Да го гледам ова, никогаш нема да ми здодее.




Потоа, објави уште еден пост каде што се гледа дека пристигнала до својата цел, пристаништето од каде што ќе заплови, а бродскиот персонал ѝ посакува пријатно крстарење.

Ноне изгледа дека веќе се одомаќи на бродот и објави видео, како ужива пијеќи кафе на бродот, со боси нозе со поглед кон морската широчина.




Сега таа го објави своето работно место, парфимеријата во бродскиот фришоп. Ноне заводливо се смешкаше а околу неа познати брендови на парфеми и козметика. Ѝ личи оваа атмосфера на Ноне, а се гледа дека ја прави среќна.

Претходна статијаДарио дуплата вотка ја смени со пиво, опуштено ужива во убаво друштво (ФОТО)
Следна статијаСУРОВО ИСКРЕН ГИНЕКОЛОГ: Жените, секој пат го прават ОВА КОГА ДОАЃААТ НА ПРЕГЛЕД, А НИЕ ТОА ГО МРAЗИМЕ